Зошто „Porsche“ го повлекува од продажба најевтиниот модел во Европа?

Точка

26/03/2024

10:36

6.364

Големина на фонт

а а а

Иако најевтини, „718 Boxster“ и „Cayman“ не ја сочинуваат основата на понудата на „Porsche“ во смисла на продажба. Како и во случајниот со бензинецот „Macan“, „Porsche“ одлучи овие два модели да ги повлече од пазарот поради законските прописи кои во ЕУ стапуваат на сила овој јули.

Како што пренесува „Motor1“, портпаролот на „Porsche“ за „718“ потврди дека понудата за двата модели ќе биде укината во ЕУ, но со одредени исклучоци.


Моделите ќе бидат во понудата надвор од ЕУ, додека специјалните верзии како „Cayman GT4 RS“ и „Boxster RS Spyder“ остануваат во продажба. Имено, поради ограниченото производство, овие автомобили се изземени од прописите кои се однесуваат на сајбер безбедноста.


Проблемот произлегува од електричната основа која ја користат „Boxster“ и „Cayman“, а која не ги исполнува претстојните прописи. Приспособувањето кон новиот закон би го чинело „Porsche“ околу половина од буџетот кој се користи за сосема нов модел, што не е финансиски исплатливо.


Четвртата генерација од моделот „Boxster/Cayman“ дебитираше во 2016-та година под интерна кодна ознака „982“. Првата генерација на „Macan“ е уште постара, со оглед на тоа дека на пазарот е од 2014-та.


Малку е веројатно дека повлекувањето на моделот „718“ од ЕУ значајно ќе влијае на продажбата на „Porsche“, додека бензинецот „Macan“ е многу барана стока.


"Macan" секогаш бил добар пазарен адут на компанијата од Штутгарт. Глобално, со 87.355 продадени единици во 2023-та година, тој модел постигнал околу четири пат подобри резултати во однос на „718“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг