Шпанскиот селектор разочаран од непријатната глетка на „Бернабеу“: Се чувствувам засрамено!

Дерби

27/03/2024

10:30

1.324

Големина на фонт

а а а

Шпанија беше доминатна во најголем дел од дербито со Бразил и водеше со 2:0 и 3:2, но на крајот мораше да се задоволи со реми (3:3) поради индивидуалните грешки во одбраната.

„Фуријата“ остави добро лице и тимот на Де ла Фуенте не ги разочара шпанските фанови кои секогаш имаат големи очекувања, но црна дамка на оваа средба беше само притисокот со кој се соочил фудбалерот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората.

Поради своето минато во Реал, Мората добиваше свирежи од трбините при секој контакт со топката, а овие непријатни сцени го налутија шпанскиот селектор кој побара и од новинарите да делуваат во промената на ваквата култура.

– Ме боли душата што во мојата родна земја се исвиркува играч кој е репрезентативец. Се чувствувам засрамено од тоа што се случи. „Бернабеу“ беше фантастичен во секој поглед, но одредени поединци предизвикаа и лоша глетка.

– Како Шпанец, се чувствувам засрамено кога се исвиркува играч кој е дел од националниот тим. Ова е работа која треба да ја подобриме заедно, со вас новинарите. Треба да ги учиме фановите дека доаѓаат на натпреварите да ја бодрат Шпанија. Кога се игра за националниот тим, клупските бои се оставаат настрана. За да ја подобриме оваа слика, треба работа и од вас новинарите и медиумите, – изјави Де ла Фуенте.



Спонзорирани линкови

Маркетинг