[ВИДЕО] Си го променил името во „Буквално кој било друг“ и најави кандидатура на изборите во САД

Точка

27/03/2024

17:46

2.964

Големина на фонт

а а а

Дастин Ибеј од Тексас го промени името во „Буквално кој било друг“ и најави дека ќе се кандидира на изборите за претседател на САД.

Ибеј рекол дека сака да го промени името, бидејќи не е задоволен од претседателските кандидати Џо Бајден и Доналд Трамп, пренесува „Гардијан“

Триста милиони луѓе можат подобро. Навистина треба да постои некој излез за луѓето како мене на кои им е преку глава од оваа постојана размена на моќ помеѓу две страни од кои обичниот човек нема корист “,навел Дастин Ибеј, односно „Буквално кој било друг“.


За да се појави на гласачките ливчиња на изборите во Тексас во ноември, нему му требаат најмалку 113.000 потписи.

Бидејќи тоа е малку веројатно, „Буквално кој било друг“ ги повикува гласачите да го допишат неговото име.

Американците премногу долго беа жртви на политичките партии кои лојалноста кон партиите ја ставаа над управувањето со државата. Ајде заедно да испратиме порака до Вашингтон и да кажеме: „Или ќе нѐ претставувате или ќе бидете сменети“, рекол „Буквално кој било друг“.

Претседателските избори во САД се закажани за 5 ноември.




Спонзорирани линкови

Маркетинг