[ФОТО/ВИДЕО] Манекенка сакала да го рекламира својот град, сега ѝ се закануваат 5 години затвор

Точка

28/03/2024

09:20

2.380

Големина на фонт

а а а

Манекенка од Тајланд се соочува со пет години затвор бидејќи се фотографирала во мини здолниште на кралски споменик во Тајланд, пишува „New York Post“. На 24 март, Пим Апацара објави фотографија на социјалните мрежи на која позира во кратко кафено здолниште со долна облека со пруги и црвена маица пред статуата на кралот Рама, пишувајќи во описот: „Ве молам, посетете го мојот град“. Фотографијата набрзо ги разбесни жителите на покраината Бурирам.

Поради овој настан жителите поднеле пријава во полиција, а полицискиот командант Рутахол Наварат ја повикал Пим во полициската станица. Манекенката се извинила за фотографијата, велејќи дека сака само да ги поттикне луѓето да го посетат градот, а признала дека фотографијата ја направила сама, додавајќи дека не сака да го наруши имиџот на покраината.

„Набргу откако ги објавив сликите на мојот профил на социјалните мрежи, добив многу критики од луѓето. Некои од нив беа насочени кон моите родители, што е неприфатливо, бидејќи не знаев дека тоа што го направив е кривично дело“, изјавила Пим.

„Не размислував што направив. Се извинив и ги предупредив другите да бидат внимателни кога објавуваат нешто што ги вклучува верувањата и чувствата на луѓето“, додала и објаснила дека таа вообичаено се облекува вака, а фотографиите ги направила затоа што сакала да ги промовира знаменитостите на нејзиниот град. Но, сè резултираше со обвинение за „внесување порнографија во компјутерскиот систем“.


"Откако фотографиите беа видени на интернет, истражниот тим ја идентификуваше корисничката. Утврдено е дека нејзиното однесување влијаело на почитта и верувањата на жителите, што предизвикало голем гнев. Затоа била повикана на распит каде ги признала сите обвиненија, со затворска казна до пет години, парична казна до 100.000 бати (4.000 американски долари) или и двете, и со парична казна до 500 бати (20 долари) за јавна непристојност“, изјавил началникот на полицијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг