Неколку припадници на полицијата во моментов ја раскопуваат ливадата каде точно пред два дена исчезна Данка Илиќ, со цел да се пронајдат било какви траги.
Во копањето полицијата користи багер и комбајн за да го расчисти имотот кој е полн со дрва и гранки. Ѝ покрај прекинот на теренската потрага, полицијата сè уште ја пребарува целата населба.
Дворот е полн со големи дрвја, гранки, грмушки. Сето ова мора да се расчисти - вели изворот за “Блиц“.
Истовремено припадниците на МУП повторно ги прегледуваат шахтите и јамите во населбата. Сето со цел да се најдат материјални докази кои ќе помогнат во пронаоѓањето на Данка.