Во недела започнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките на часовникот влијае на нашиот организам?

Точка

29/03/2024

08:54

3.051

Големина на фонт

а а а

Летното сметање на времето започнува во недела, на 31-ви март во два часот по полноќ, кога стрелките ќе треба да се поместат еден час напред. На овој начин ќе изгубиме еден час сон, а еве како поместувањето на стрелките влијае на нашиот организам.

Будењето еден час порано од вообичаеното може да го наруши нашиот циркадијален ритам или природниот 24-часовен телесен часовник и да направи да се чувствуваме поспано и дезориентирано, што пак може да резултира со други здравствени последици.

Сонот е неквалитетен

Во ноќта од сабота кон недела треба да си легнете еден час порано, за да ја намалите можноста за лош сон. Во една студија објавена во списанието „Sleep Science and Practice“, речиси 14 отсто од луѓето рекле дека спиеле полошо во текот на две недели по летното сметање на времето во март 2021 година.


Како резултат на тоа, може да бидете помалку внимателни, да реагирате побавно и генерално да се чувствувате поспано. Сите ние се потпираме на дневната светлина и ноќта за да му сигнализираат на нашето тело кога е време за будење и спиење, така што дури и суптилните промени може да го нарушат циркадијалниот ритам што управува со нашиот одмор.

Возењето станува поопасно

Студија од јануари 2020 година во „Current Biology“ открива дека сообраќајните несреќи со смртен исход се зголемиле за шест проценти во текот на неделата на летното сметање на времето, а како причина за несреќите најчесто се наведува заморот.

„Нашата студија дава дополнителен, ригорозен доказ дека преминувањето на летно сметање на времето во пролетта доведува до негативни влијанија врз здравјето и безбедноста. Овие ефекти на сообраќајните несреќи со смртен исход се реални, а таквите смртни случаи може да се спречат“, вели авторката на студијата, Селин Ветер.


Повредите на работа се почести

Истражување од 2009 година објавено во „Journal of Applied Psychology“ покажало дека губењето на само еден час сон може да биде опасно ако работите физички напорна работа. Способноста за контрола и донесување одлуки се намалува, бидејќи недостатокот на сон влијае на префронталниот кортекс на мозокот.

Авторот на студијата, Барнс, истражувал половина милион повреди меѓу рударите во период од пет години и дошол до заклучок дека во понеделник, ден по летното сметање на времето, повредите при работа се зголемуваат за повеќе од пет отсто и се потешки во однос на другите денови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг