[ФОТО/ВИДЕО] Ова се најголемите тајни гробишта на автомобили на светот – постојат 50-на години

Супермен

12/04/2024

11:19

6.023

Големина на фонт

а а а

Доколку сакате старомодни, односно „олдтајмер“ автомобили, тогаш оваа слика ќе ве импресионира.

Некаде во напуштен дел од американската сојузна држава Монтана се наоѓаат тајните гробишта на автомобили кои се преполни со стари автомобили.

Местото е преполно со класични „Ford“, „Plymouth“, „Cadillac“, па дури и „Rolls-Royce“ автомобили. Меѓу нив има и некои стари, школски автoбуси.

Автомобилите веќе 50 години се собираат на гробиштата и додека едни служат како делови, други служат како филмски реквизити, а поголем дел од нив едноставно чекаат некои подобри времиња или својот крај на оваа површина.

Спомнатите гробишта со својата камера ги овековечил Јутјуб парот на профилот „Lambvinskis Garage“.


Тимот направил 10-часовно возење од Вашингтон до Монтана за лично да се увери во трагите кои ги добил. Нивното патување не било залудно.

Има илјадници возила

Среде планинскиот дел на Монтана тие наишле на илјадници напуштени возила затоа што гробиштата се протегаат на над 100 хектари земјиште. Иако автомобилите на ова место почнале да се ставаат пред 50 години, некои од нив се многу постари.

Сопствениците на ова место дозволиле снимање на истото под услов да не се објавува точната локација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk