[ВИДЕО] Никој не забележа дека натпреварот Мемфис-ЛА Лејкерс траеше 66 секунди подолго

Макфакс

14/04/2024

13:18

4.555

Големина на фонт

а а а

Натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Мемфис Гризлис траеше 66 секунди подолго од планираното.

НБА објави соопштение во кое точно објасни што се случило.

Тимовите всушност случајно одиграа дополнителна минута поради грешка со ресетирање на часовникот.

Во третата четвртина, часовникот беше ресетиран од 1:14 на 2:20 минути до крајот на периодот, што никој не го забележа.

„Екипите, судиите, операторот, статистичарите, никој од нив не ја забележал нерегуларноста“, објави НБА.

Инаку, Лејкерси славеа над Гризлис со 123:120.



Спонзорирани линкови

Маркетинг