(ФОТО) Запознајте го новиот "Maserati GranCabrio Folgore"

Точка

16/04/2024

23:38

5.172

Големина на фонт

а а а

Убавицата на "Maserati" вози и на струја, нуди врвни перформанси и целосно визуелно задоволство.

Новото "Maserati" е доказ дека и електричниот погон може да игра на емоции, па дури и со оние најзагрижените љубители на суперспортските автомобили. Кога автомобилот изгледа како новиот "Maserati", тогаш ќе може да му се прости и недостигот на соодветните клупски кулиси.


"GramCabrio" доби "Folgore" изведба, што значи дека преубавиот кабриолет доби електричен погон. Го сочинува конфигурација со три електромотори (3x300 kW) и максимум до 830 коњски сили и 1.350 Nm. 100 км/ч постигнува за 2.8 секунди, а максималната брзина е 290 км/ч.


Во однос на класичниот "GranCabrio", електричната опција има благо изменета предница и со самото тоа аеродинамична форма. Да го додадеме и малку неочекуваниот избор на пневматици со помал отпор на триење, а се за досегот да се доведе на попристојна вредност. Се движи од 419 до 447 километри со батерија со капацитет од 92,5 KWh која се полни со сила до дури 270 kW.


Во кабината има некои модерни времиња. Дигиталниот кокпит со 12,2-инчен екран е надограден со 12,3-инчен екран за инфозабавниот систем и дополнителен 8.8-инчен екран. Аудиосистемот го потпишува "Sonus", се нуди телеметрија, а опремата е првокласна.


И тоа важното, кровот при брзина до 50 км/ч се расклопува за 14 секунди.




Спонзорирани линкови

Маркетинг