[ВИДЕО] Цел живот јадете тик-так бонбони погрешно: Тиктокер го покажал правилниот начин, луѓето коментираат – сѐ беше лага

Точка

17/04/2024

16:12

4.025

Големина на фонт

а а а

Бројните љубители на тик-так бонбоните биле изненадени после видеото кое го објавил тиктокерот @beckyp79.

Сфатиле дека постојано погрешно го отвораат пакетчето за бонбони, не знаејќи дека постои пологичен и однапред осмислен систем.

Како вие ги консумирате тик-так бонбоните? Најверојатно ја отворате кутијата, ја вртите и истурате неколку бонбончиња на дланката. Дали погодивме?

Ништо страшно, затоа што поголем дел од луѓето тоа го прават на истиот тој начин.

Сепак, младиот тиктокер го открива „правилниот начин“ на консумирање на овие бонбончиња и воедно демонстрирал како тоа изгледа.

Сѐ што треба да направите е да го свртите пакетчето, а потоа внимателно (под агол) да го отворите капачето.

Тогаш во посебно дизајнираната вдлабнатина ќе падне едно бонбонче, кое е подготвено да го консумирате, пренесува „Daily Star“.

Откако видеото било објавено корисниците оставале коментари и признале дека се восхитени од трикот.

„Цел мој живот беше лага“, напишал еден корисник на ТикТок, на што друг се надоврзал: „Што? Не сум знаел за што служи вдлабнатината на капачето“.

Секако, никој нема да ве спречи да ги јадете бонбончињата како сакате, но вреди да знаете дека постои „правилен начин“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг