Заврши ерата на „удри и бегај“, одбраната им е послаба од пајажина! Страшна закана на иранскиот генерал: „Дефинираме нови правила“

Точка

17/04/2024

21:29

3.162

Големина на фонт

а а а

Иранскиот напад на Израел, кој Техеран го нарече „Операција искрено ветување“, откри „колку е всушност слаба одбранбената моќ на ционистичкиот режим“, тврди командантот на копнените сили на иранската војска Кумарс Хејдари, предупредувајќи го Тел Авив дека ниеден од неговите непријателски потези против Иран нема да мине неказнето.

Зборувајќи на прес-конференција во вторникот, бригадниот генерал изјави дека операцијата, поточно одмаздата за израелскиот воздушен напад на конзуларниот дел на иранската амбасада во Дамаск е „изведена на барање на иранската нација“.

Тој рекол дека операцијата за одмазда докажала дека „одбранбените системи на Израел се послаби од пајажина“.


„Иранските вооружени сили го разбија табуто за можностите на израелскиот режим, ја покажаа својата моќ, јасно ставија до знаење дека ерата „удри и бегај“ е завршена и дефинираа нови правила за регионот“, наведе командантот.

Тој понатаму укажал на напредокот на Копнената војска во развојот на модерната воена опрема, велејќи дека вештачката интелигенција е интегрирана во домашното оружје и дека воените хеликоптери се опремени со широк спектар на проектили, радари и оружје кое користи вештачка интелигенција.


„Копнените сили ќе користат ново паметно оружје со голем досег, прецизност и можности за умрежување“, додал тој.

Единиците на иранската војска денеска ќе одржат масовни воени паради ширум земјата за да го прослават Денот на националната армија.


На состанокот со групата најголеми воени команданти минатата година, ајатолахот Али Хамнеи ги повикал иранските вооружени сили да продолжат да ја засилуваат својата готовност во сите области и да не престануваат да напредуваат бидејќи заканите никогаш нема да исчезнат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг