[ВИДЕО] 33 милиони прегледи: Дете почнало да танцува веднаш откако проодело, видеото е хит

Точка

17/04/2024

17:11

6.816

Големина на фонт

а а а

Родителите сакаат да ги снимаат пресвртниците во животите на своите деца: кога ќе почнат да ползат, да зборуваат и слично. Меѓутоа, понекогаш не излегува како што сакаат тие. Но, мама Аманда успеала да сними една таква пресвртница – го фатила моментот кога нејзиниот 14-месечен син Деклан проодел.

На видеото на ТикТок се гледа детето кое почнува да оди, а потоа и да танцува кога ја слуша песната „Blinding Lights“ од изведувачот „The Weeknd“.

Многумина биле воодушевени од танцувачките движења на Деклан, а видеото набрзо станало вирално, собирајќи 33 милиони прегледи и 6,6 милиони лајкови.

„Ова е толку убавo. Детето е преслатко“, „Најдоброто нешто што некогаш сум го видела“ и „Деклан е пресмешен“ биле само некои од коментарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг