Бизарна приказна за наводната ќерка на принцезата Дајана: Едно од најлудите тврдења за кралското семејство повторно кружи на мрежите

Точка

18/04/2024

11:00

3.593

Големина на фонт

а а а

Не е реткост во јавноста да се слушне дека одредени членови на кралските семејства имаат деца од вонбрачни врски, кои најчесто ги кријат од очите на јавноста.

Така повеќе пати можевме да ги прочитаме тврдењата дека кралот Чарлс (75) и покојната принцеза Дајана имаат вонбрачна ќерка, Сара Спенсер, која живее во Америка. Таа не им е позната на медиумите, а особено не на британските медиуми кои генерално не пренесуваат непроверени шпекулации, озборувања и теории на заговор за нивното владејачко семејство.

Своевремено Сара објавила своја фотографија и тогаш сите биле убедени дека она што се зборува е вистина, бидејќи сличноста со Чарлс и Дајана наводно е огромна.

Како што напиша „Marca“ во 2022 година, Вилијам и Хари имале желба да ја запознаат својата сестра, а се наведува дури и дека Кејт ја видела додека била во Америка.

„Запознавањето беше договорено, но само за сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон. Беше многу импресионирана кога ја виде сличноста меѓу Сара и принцезата Дајана“, рекол тогаш извор.

Зошто Дајана криела дека има ќерка?

Сара Спенсер е родена во 1981 година, пред Вилијам, што би ја направило оваа жена, ако навистина има некаква врска со Чарлс и Дајана, наследничка на тронот.


Приказната за раѓањето на Сара е прилично шокантна. Кралицата Елизабета Втора наводно сакала да се увери дека Дајана може да има деца, па се обидела со вонтелесно оплодување, тврдат оние кои веруваат во оваа бизарна теорија на заговор, а ако мислите дека тоа е премногу лудо, ова ќе ве остави без зборови: докторот кој ја извршил процедурата наводно ги украл јајце-клетките на Дајана и спермата на Чарлс и ги искористил со помош на сурогат мајка.

Сурогат мајката ја родила Сара во 1981 година. Кога принцезата Дајана загина во сообраќајна несреќа во 1997 година, Сара наводно се исплашила за својот живот и заминала во Америка, каде што живее и денес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг