[ВИДЕО] „Може ли да ве замолам да престанете?“: Бајага одржал час по култура во живо во програма на РТС, видеото стана вирално

Точка

18/04/2024

12:09

4.172

Големина на фонт

а а а

Обраќањето на легендарниот музичар Момчило Бајагиќ - Бајага по повод реизданието на првата плоча на Бајага и Инструктори - „Позитивна географија“, стана вирално на социјалните мрежи.

Претставувањето на реизданието на првата плоча се одиграло во холот на РТС, а обраќањето на музичарот пред присутните за момент го прекинале поединци кои правеле врева, а тој им одржал мала лекција по култура и убаво однесување.

„Може ли да ве замолам да престанете да зборувате тука? Еве, надвор е блиску да се излезе, да се испуши цигара, или било што. Не е дека сега сакам некоја баш специјална атмосфера, но барем добро да се слушнеме. Инаку, јас не слушам баш најдобро така што, ако јас слушам, значи дека вревата е баш голема“, порачал Бајага.

Видеото набрзо стана вирално на социјалните мрежи, а сите застанале во негова одбрана и со одобрување го коментирале неговиот гест.

„Бајага одржа час по култура во живо во програмата на РТС. Не вреди, мора вака. Браво“, гласи коментарот на една корисничка на социјалната мрежа „Х“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг