[ВИДЕО] Мачка грчевито се држи за рачка на врата од автомобил, борејќи се за живот: Објавена тажна снимка од поплавите во Дубаи

Точка

18/04/2024

23:11

4.063

Големина на фонт

а а а

Тажното видео кое неодамна беше објавено на медиумските портали покажува мачка како очајно се држи за рачката на вратата од автомобилот за време на поплавите во Дубаи.

За среќа, спасувачите ја извлекле мачката од оваа ситуација која се случила на 16-ти април за време на невиденото невреме во овој дел од светот. Видеото е само предупредување, бидејќи покажува дека работите лесно можеле да излезат од контрола и да бидат драстично поинакви, пишува „Pethelpful“.

Гледачите на ТикТок масовно пријавуваат дека во текот на гледањето на видеото нивниот здив запрел: видеото покажува мачка која се бори за својот живот додека нивото на водата околу неа се зголемува.

Видеото споделено од „ABC News“ покажува дека поплавите во Дубаи достигнале опасни нивоа. Автомобилите биле целосно потопени во вода, па имала среќа што мачката успеала да зграби нешто наместо да отплови.

На видеото се гледа како спасувачите стигнуваат до животното со чамец и го фаќаат. Мачката во еден момент мјаукала - сигурно била исплашена, но била сосема добро кога била ставена во чамецот за спасување, сфаќајќи дека конечно е безбедна.


Националната управа на Обединетите Арапски Емирати за вонредни ситуации и управување со катастрофи побарала од жителите „да останат во своите домови“ и да излегуваат само во итни случаи.

Гледачите на социјалните мрежи се благодарни на спасувачите кои успеале да ја спасат мачката пред да се случи најлошото.

„Ви благодарам што го спасивте тоа маче!“, „Замислете да сте таму со часови и да ви е ужасно студено“, „Нејзиното последно мјаукање значеше: 'Благодарам'“, „Не сите херои носат наметки“, гласат дел од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг