[ВИДЕО] Постарите од 65 години биле прашани за што жалат во животот: Речиси сите имале идентичен одговор – ќе бидете во неверување

Точка

18/04/2024

17:00

9.997

Големина на фонт

а а а

Мажите и жените на возраст од 65 до 100 години имаат сличен одговор на прашањето за што најмногу жалат во животот.

Имено, извесен тиктокер ги прашал постарите луѓе за што најмногу жалат во животот.

Некои дури имале исти одговори од збор до збор и повеќето од нив имаат слични размислувања за тоа што е важно во животот.

Една 79-годишна жена зборувала за работите за кои мислела дека се важни додека била помлада, па рекла и дека парите го олеснуваат животот, но не обезбедуваат среќа.


Слично размислувал и маж кој рекол дека материјалните работи и повеќе пари отколку што навистина се потребни, не се толку важни.

„Кога сме млади, мислам дека сакаме да заработиме многу пари и да стекнеме многу материјални работи. Да имаме голема куќа, одличен автомобил и сите тие работи. Сега разбирам дека не е тоа она што е битно во животот. Во животот се важни односите, љубовта и способноста да знаете што всушност сакате“, зборувал тој.


Постар брачен пар и 78-годишен маж биле согласни со него од збор до збор, велејќи дека „материјалните работи не се толку важни“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг