Швајнштајгер со совет за Рашфорд: Би сакал да го видам во друг тим

Дерби

19/04/2024

11:17

1.203

Големина на фонт

а а а

Бастијан Швајнштајгер го привлече вниманието со неколку интересни изјави во еден подкаст, каде зборувал и за формата на Маркус Рашфорд.

Германецот во минатото настапуваше за Манчестер Јунајтед, па внимателно ги следи случувањата во овој клуб и смета дека Маркус Рашфорд треба да направи сериозна промена.

– Би сакал да го видам во подобар тим, тим во кој ќе добива топки во вистински момент.

– Би сакал да видам што ќе се случува, бидејќи изминативе сезони ретко се наоѓа во таква ситуација.

– Ако игра за друга екипа, може и да го подигне нивото, тој се уште е фудбалер кој може да одлучува натпревари, но сега ретко го покажува тоа, – истакнал Швајнштајгер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг