Клоп за клучниот момент во Бергамо: На напаѓачите им се случуваат такви работи

Дерби

19/04/2024

11:19

1.174

Големина на фонт

а а а

Јирген Клоп и Ливерпул останаа без можноста да се борат за трофејот во Лига Европа, иако вчера рано поведоа на гостувањето кај Аталанта и имаа шанси да му ги расипат сметките на противникот кој оствари убедлив триумф на „Енфилд“.

Мохамед Салах реализираше од пенал, но веројатно ја промаши и клучната шанса во првото полувреме, кога „црвените“ можеа да се приближат на гол негатива.

По средбата, Клоп застанал во одбрана на својот фудбалер и актуелната форма на Салах.

– Не сум загрижен, на напаѓачите им се случуваат такви работи, а и не е дека на Салах не му се случувало такво нешто претходно.

– Одлично го реализираше пеналот, немаше среќа во следната шанса во која се најде, но тоа не е прва голема шанса која ја пропуштил. Не знам што ќе напишете вие, но јас не сум загрижен за Мо, – истакнал Клоп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг