Мартинез по контроверзната ноќ во Лил: Не ги разбирам овие правила

Дерби

19/04/2024

11:26

1.474

Големина на фонт

а а а

Емилијано Мартинез повторно предизвика контроверзи со своето однесување на теренот, овојпат во дуелот меѓу Лил и неговата Астон Вила во рамките на Конференциската лига на УЕФА.

Аргентинскиот голман цел натпревар беше исвиркуван од домашните фанови поради неговата епизода во финалето на Светското првенство меѓу „гаучосите“ и Франција, а својата „одмазда“ ја дочека при изведувањето на пеналите.

Мартинез ги провоцираше домашните фанови откако одбрани два пенала, а доби и жолт картон, кој му беше втор на натпреварот, но избегна исклучување поради специфичното правило за картоните за време на пенал рулетот. Аргентинецот доби многу критики за своето однесување, но тој вели дека не направил ништо лошо.

– Се е поврзано со репутацијата за задржување време, бидејќи и другиот голман го правеше истото што го правев и јас. Добив жолт картон уште во првото полувреме поради таа причина, а ние губевме, не знам што сака судијата од мене.

– За време на пеналите немаше топка за шутирање и јас побарав од момчињата што ги додаваат, за што судијата ме казни со картон. Навистина не ги разбирам овие правила, – истакнал Мартинез.



Спонзорирани линкови

Маркетинг