Финска НХЛ ѕвезда сака да оди на ручек со Ѓоковиќ: Не знам дали ќе ужива во храната

Дерби

19/04/2024

11:29

252

Големина на фонт

а а а

Александер Барков важи за голема ѕвезда во НХЛ лигата, а денеска е актуелен поради видео прилогот направен од неговиот клуб, во кој зборува на интересни теми.

Финецот е член на Флорида Пантерс, а во интервјуто бил прашан со која позната личност би сакал да оди на ручек или пијачка. Барков се одлучил за Новак Ѓоковиќ, но се сетил дека можеби нема да си одговараат со српскиот тенисер.

– Би рекол Новак Ѓоковиќ, но не знам дали ќе ужива во храната бидејќи е веган.

– Веројатно би одел со него, но само за да разговараме, – изјавил Барков.



Спонзорирани линкови

Маркетинг