[ФОТО] Фустаните на принцезата Дијана изложени во Хонг Конг пред аукцијата

Точка

19/04/2024

11:50

5.306

Големина на фонт

а а а

Светло жолта јакна со крагна, обложена на рамениците и украсена со блескави златни копчиња, која ја носеше принцезата Дијана на патувањето во Хонг Конг во 1989 година, ќе биде една од шесте нејзини парчиња облека изложени пред аукцијата закажана за јуни.

Колекцијата на фустани, чевли и чанти на принцезата од Велс ќе биде изложена во трговскиот центар во Хонг Конг во следните 12 дена, пред истата да се пресели во Ирска за аукцијата на 27 јуни. Принцезата Дијана, која загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година, „ја диктираше модата со секое нејзино излегување“ рече Мартин Нолан, директор на аукциската куќа Џулиенс со седиште во Калифорнија.

Познатата јакна со нарциси на дизајнерката Кетрин Вокер би можела да достигне цена од 50.000 долари, додека синиот вечерен фустан со ѕвездички би можел да достигне цена од 400.000 долари. Принцезата го носеше овој фустан од дизајнерот Мареј Арбејд на премиерата на „Фантомот од операта“ во 1986 година во Вест Енд, Лондон.


Изложена е и свилената вечерна тоалета од дизајнерот Виктор Еделштајн и цветната тоалета на Кетрин Вокер што Дијана ја носеше во 1991 година на бдеењето на нејзиниот близок пријател Адријан Вард Џексон.


Во малиот изложбен простор се насобрале многу луѓе. Еден од посетителите, 69-годишниот Фунг, се присетува како толпата се насобрала низ улиците на Хонг Конг кога Дијана пристигнала во тој град во 1989 година. "Таа беше харизматична, грижлива и посветена на добротворната работа. Затоа е исклучително почитувана во Хонг Конг", вели Фунг.

Во 2023 година, аукциската куќа Џулиен продаде вечерен фустан на принцезата Дијана за рекордни 1,14 милиони долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг