Озил: Ел Класико веќе не е најголем натпревар на светот, а за тоа е виновна Барса

Точка

19/04/2024

15:47

2.726

Големина на фонт

а а а

Месут Озил, некогашен фудбалер на Реал, во интервју за „Marca“ зборувал за завршницата на Лигата на шампионите и ривалството меѓу Реал и Барселона.

„Кога играв за Реал, Ел Класико беше најважниот натпревар на светот. За жал, игравме против најдобрата Барселона во историјата. Сега вниманието на гледачите повеќе насочено на натпревари како Ливерпул – Сити или други дерби натпревари од Премиер Лига. Ел Класико падна и тоа е штета. Не е за тоа виновен Реал, туку Барселона која е во пад“, смета некогашниот германски репрезентативец.

Смета дека неговиот поранешен клуб Реал е најблиску до освојување на Лигата на шампионите.


„Фантастичен беше натпреварот против Сити. Англичаните доминираа целиот натпревар, но Реал одигра интелигентно и одлично се бранеше. Викнав Хала Мадрид по последниот пенал. Верувам дека Реал ќе ја освои Лигата на шампионите“.

Европско првенство?

„Англија и Франција имаат неверојатни екипи. Не само првите 11, туку и ширината на екипите е неверојатна. Сепак, таквите натпреварувања многу зависат и од среќата. Мислам дека до финале би можеле Шпанија, Португалија или Германија“.

Озил кариерата ја започна во Шалке, од каде по две години замина во Вердер. За Реал Мадрид играше од 2010-та до 2013-та, а после тоа мина осум години во Арсенал. Кариерата ја заврши во Турција каде што играше за Фенербахче, а потоа за Истанбул Басаксехир.




Спонзорирани линкови

Маркетинг