Скандал ја тресе Холандија: Великан исфрлен од првата лига

Точка

19/04/2024

21:26

4.007

Големина на фонт

а а а

На фудбалскиот клуб Витезе му се одземени 18 бодови по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти денеска Фудбалскиот сојуз на Холандија.

„Независниот комитет за лиценцирање при "KNVB" му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја добива оваа казна бидејќи повеќе пати не ги исполни условите и прописите за лиценцирање на играчи во текот на подолг временски период“, стои во соопштението на "KNVB".


Витезе сега има минус еден поен и автоматски го изгуби прволигашкиот статус четири кола пред крајот на шампионатот.


Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го оствари во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.


Витезе последен пат во Европа играше во сезоната 2021/2022 кога беше елиминиран од Рома во Конференциската лига.




Спонзорирани линкови

Маркетинг