[ВИДЕО] Хаос на белградските улици: Тепачка меѓу „Делии“ и „Гробари“, приведени повеќе од 50 навивачи

Макфакс

20/04/2024

18:02

3.767

Големина на фонт

а а а

Сериозни инциденти се се случија во Белград, пред 173-то вечно дерби, меѓу Црвена звезда и Партизан.

Низ улиците на Белград се случиле неколку тепачки, а според видеата на социјалните мрежи, најсериозната тепачка е снимена во центарот на Блеград.


На видеото на страницата „Мој Белград“ се гледаат како летаат камења, а хулиганите имаат палки. Полицијата интервенираше, а имаше и апсења.

Според натписите на сведоците на социјалните мрежи, се слушнале и истрели, а полицијата брзо интервенирала.

Профилот на Инстаграм „Србија во живо Белград“ објави видео на кое хулиганите трчаат со палки во рацете.


Српските медуми објавија дека полицијата уапсила 50 хулигани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг