"TikTok" лансираше свој ривал на "Instagram"

Точка

21/04/2024

11:36

5.063

Големина на фонт

а а а

"TikTok" постепено започна да отвора присуство на својата верзија на ривал на "Instagram" - апликацијата "TikTok Notes".

Засега, оваа апликација е достапна за само дел од корисниците во Австралија и Канада, кои ќе имаат можност за ограничено тестирање.

Според тоа што е објавено на социјалните мрежи, "TikTok Notes" потсетува на комбинација од "Instagram" и "Pinterest".


Корисниците на почетната страна ги дочекуваат две категории - "For You" и "Following", кои прикажуваат различни објави од други корисници на "Notes".

Акцентот е на визуелното доживување, па така објавите се поделени во два "столба", во кои се гледаат фотографии, кориснички имиња и краток текст, доколку го има.


Со клик на фотографијата се отвора објава која изгледа речиси исто како на "Instagram", но меѓусебното копирање на некои функции не е ништо ново за големите социјални мрежи.

"Meta", така, со години копирала некои од функциите на "TikTok", а изгледа дека Кинезите сега се одлучиле да возвратат. Засега не е познато кога, и дали, оваа апликација ќе им биде достапна на корисниците во Европа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг