„Netflix“ со еден потег ги разбесни бројните корисници, но се покажа дека тоа било одлична одлука

Точка

22/04/2024

11:10

6.022

Големина на фонт

а а а

Иако одолговлекуваа со воведувањето на промени кои нема да им се допаднат на корисниците, на крајот нивниот потег доведе до големо зголемување на бројот на претплатници.

Една од компаниите која профитираше во текот на пандемијата е „Netflix“. Луѓето беа принудени деновите да ги минуваат меѓу своите четири ѕидови, па многумина тоа време го крателе токму со „Netflix“ и другите видеосервиси. Бројот на корисници растел, како и времето кое корисниците го минувале гледајќи документарци, серии и филмови.

Кога ситуацијата со пандемијата почна да се смирува, интересот за ТВ содржини паднал, а со тоа и растот на бројот на претплатници на „Netflix“. Лидерите на компанијата морале да пронајдат нови начини на кои би поттикнале раст на бројот на претплатници, односно да профитираат. Како што често се случува, се одлучиле за непопуларна опција, а тоа е – забрана за делење на лозинки, што разбесни многумина. Познато е дека од оваа компанија со години „замижувале“ на делењето на лозинките и на корисниците им оневозможиле својата лозинка да ја споделат со пријателите и семејствата.


Покрај тоа, „Netflix“ направил уште еден потег за привлекување на поголем број на претплатници, а на кој претходно не сакале да се одлучат. Станува збор за воведување на уште поевтин претплатнички пакет, но во чиј склоп ќе се прикажуваат огласи. Иако сите со години се навикнале да уживаат во „Netflix“ на кој нема огласи, дел од корисниците на крајот сепак го прифатиле компромисот, па така гледаат реклами со филмовите и сериите, но затоа плаќаат помала претплата.

Сите тие промени така влијаеле на глобалниот број на претплатници во првиот квартал оваа година да порасне за дури 9,33 милиони корисници. За каков голем пораст станува збор најдобро кажува податокот дека тоа е двојно поголем пораст во однос на очекувањето на пазарните аналитичари за првите три месеци оваа година.


Ова е сигнал дека делењето на лозинки било почесто од тоа што се мислело и дека „Netflix“ сега ги претвора корисниците кои користеле туѓи лозинки во свои претплатници, објаснува аналитичарот Рос Бејнс за „Business Insider“. Со оглед на тоа дека се предвидувало дека околу 100 милиони лица користеле туѓи лозинки, а бројот на нови корисници во 2023-та година пораснал за речиси 30 милиони, постои уште многу простор за раст на бројот на претплатниците на овој видеосервис.




Спонзорирани линкови

Маркетинг