Анчелоти му одговори на Чави: Не сум баш сигурен…

Дерби

22/04/2024

11:31

1.506

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид сериозно се истроши на четвртфиналето против Манчестер Сити и имаше проблеми при составувањето на идеалниот тим на „Ел Класико“ дербито, но Карло Анчелоти повторно пронајде вистински рецепт за победа и остана горд на своите фудбалери.

Лукас Васкез прерасна во неочекуван херој и десниот бек учествуваше во сите три гола кои ги постигнаа „кралевите“, вклучувајќи го и оној последниот на Џуд Белингам за втор пресврт на „Сантијаго Бернабеу“.

Реал победи со 3:2 и направи голем исчекор кон титулата во Ла Лига, а додека Чави тврдеше дека резултатот е неправеден и Барселона требала да освои три бода, Анчелоти мислеше нешто друго.

– Завршницата од дербито е она што ја прави разликата, би го издвоил посебно тој дел од мечот. Ова беше тежок натпревар за нас, беше израмнето и неизвесно, игрвме против ривал кој даде се од себе да ја врати неизвесноста во Ла Лига. Успеавме добро да се справиме во тешките ситуации, двапати се враќавме од негатива и со последните атоми на силите стигнавме до трет гол. Оваа седмица е незаборавна за нас, направивме овие неколку дена да бидат посебни за фановите.

– Многу сум горд на моите играчи, имавме многу тежок натпревар во среда и успеавме да покажеме истрајност. Сега пред нас е завршниот дел од сезоната, но се наоѓаме во многу добра позиција за големи работи. Имаме голема страст и голема желба, веруваме дека можеме да направиме нешто големо со поддршката од „Бернабеу“ во последниот месец од сезоната.

– Изјавата на Чави? Сега сме во најдобар дел од сезоната, откако имавме многу проблеми од самиот старт. Имавме многу физички проблеми, но одговоривме спектакуларно. Не сум баш сигурен дека Барселона заслужи да победи, треба добро да се разгледа таквиот став….. Можеби најреално ќе беше реми, но на нас ни одговараше и ремито, – изјави Анчелоти.

– Секој има свое мислење и го почитувам тоа, но…… Можниот гол всушност не беше гол, топката не влезе во голот, а пеналот кој ни беше досуден беше чист. Ова беше натпревар од највисок карактер и презадоволен сум каква беше нашата реакција откако двапати бевме во негатива, – заврши Дон Карло.



Спонзорирани линкови

Маркетинг