Инѕаги откри каква порака добил од Мурињо по своите два последни гола во ЛШ

Дерби

22/04/2024

12:14

1.227

Големина на фонт

а а а

Филипо Инѕаги имаше блескаво фудбалско патување и најмногу ќе се памети по убиствениот напаѓачки инстинкт кој го имаше пред голот, а кој беше составен дел од неговата игра и на залезот на кариерата.

Популарниот Пипо ги закачи копачките на клин во 2012-та година, но две сезони претходно ги постигна своите два последни гола во Лигата на шампионите, и тоа интересно на европска дерби пресметка против Реал Мадрид.

Напаѓачот влезе како „џокер“ од клупата и постигна два гола за пресврт и предност на Милан од 2:1, но во финишот Педро Леон ги постави конечните 2:2 на „Сан Сиро“.

Во тој период, пресметката предизвика големо внимание и поради Жозе Мурињо кој премина од Интер во Реал, а Пипо 14 години подоцна се потсети каква порака добил од „специјалниот“ по крајот на споменатиот меч.

– Таа европска ноќ против Реал беше последната магична за мене. Бев на клупата, но со себе понесов два дреса во случај да ги славам 69-от и 70-от гол во Европа. Влегов во игра и постигна два гола, еден дрес му подарирв на Стефано Богоново кој се бореше со тешка болест. Се сеќавам и на моментите по крајот на мечот. Мурињо дојде да ме прегрне и ми го дошепна следново: Навистина се надевав дека нема да влезеш во игра денеска. Не можеше да добијам подобар комплимент, – открива Пипо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг