Чави се премислува, ако му ги исполнат барањата, ќе остане во Барселона

Макфакс

22/04/2024

14:16

1.366

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, наводно размислува да ја повлече одлуката да го напушти клубот. Локалните медуми тврдат дека тој бил подготвен да седне на маса со Џоан Лапорта да разговара за својата иднина во клубот.

Чави има одредени услови, ќе бара засилувања, прашање е дали клубот има пари за да му ги исполни желбите. Наводно бил задоволен од тоа како тимот напредувал во последните недели и што играчите, членовите на управниот одбор, претседателот Лапорта и спортскиот директор Деко изразиле жлба тој да остане тренер на Барселона.

Чави сака гаранции дека тимот ќе се засили, не е тајна дека го сака Бернардо Силва, се споменува и Дани Олмо, но и поевтина опција во дефанзивниот ред за врска, Гвидо Родригез од Бетис.

Во последните недели откако Чави најави заминување, Барса го истражува пазарот и не успева да најде идеалното решение.

Јирген Клоп е недостапен ова лето, а управата не верува дека Томас Тухел би бил вистински избор.

Чави нема освоено ниту еден трофеј оваа сезона, но лансираше во првиот тим неколку млади играчи кои би можеле да одбележат ера, како Ламин Џамал и Пау Кубарси.

Тимот напредуваше со него, но не доволно за да се натпреварува со најсилните во Европа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг