Гледачите на „Netflix“ се воодушевени од класичната серија „Ripley“, а истата ја нарекуваат ремек-дело.
Во режија на добитникот на Оскар, Стивен Зејлијан, „Ripley“ започнува кога ситниот криминалец Том Рипли (Ендрју Скот) ќе го дочека богатиот Херберт Гринлиф.
„Ripley“ е американска телевизиска серија основана на крими-романот од 1955 година „Талентираниот господин Рипли“.
Серијата е составена од осум епизоди, а премиерно била прикажана на „Netflix“ на 4 април. Главните улоги во неа ги толкуваат Ендрју Скот како Том Рипли, Џони Флин како Дики Гринлиф и Дакота Фенинг како Марџ Шервуд.
Обожавателите на „Netflix“ се хипнотизирани од оваа неверојатна серија, а некои од нив ја опишале како „уметничко дело“, пренесува „Daily Mail“.
„Маестрална, методична, прекрасна адаптација“, „Ништо не забрзува – го прикажува секој грам напнатост и поттекст од сложените приказни“, „Најдобрата работа на ТВ некогаш“, „Визуелно, ова е една од најдобрите серии кои Netflix некогаш ги направил“, „Употребата на црно-белите ефекти како во класичните филмови од 40-тите и 50-тите е неверојатна“, се само дел од коментарите.
Дали вие веќе сте ја погледнале оваа серија?