[ФОТО/ВИДЕО] Овој грчки остров е прогласен за број еден дестинација за одмор за опуштање, но цените таму се многу високи

Точка

22/04/2024

20:45

6.418

Големина на фонт

а а а

Најновата ранг-листа која ја објавил британскиот портал „Metro“ го наведува грчкиот остров како број еден дестинација за опуштање за летен одмор.

Избран поради својата „мала популација и бројот на достапни велнес можности, од пешачки патеки до вегански и вегетаријански ресторани“, податоците исто така откриле дека Миконос е дом на многу спа и велнес центри.

Со одморалишта со пет ѕвезди, пристаниште полно со јахти и блескава клиентела, неверојатните два милиони туристи секоја година пристигнуваат на Миконос, пишува „Metro“.

Сепак, грчкиот остров исто така е жртва на сопствената популарност, а посетителите се жалат на цените кои се преценети, преголемиот туризам и неавтентичните искуства.

Туристичката критичарка Хајди Фулер Лав за „Telegraph“ тоа го опишала како „замка за безобразни пари“, додека пак со оглед на градењето на новите објекти ширум островот таа го нарекла и „кутар“.

Исто така ниту туристите не оставаат позитивни критики за ова место.


Островскиот ресторан „DK Oister“ редовно се наоѓа на насловните страници на магазините и тоа благодарение на цените кои шокираат.

Во август 2022 година, канадски пар на меден месец кажал дека им било наплатено 400 евра за пиво, Аперол шприц и околу десет школки.

Доколку вие сакате помирен (и поевтин) одмор, постои уште една локација во Грција со сличен поглед и убаво време.


Имено, на егејското приморје се наоѓа грчкиот остров Парос. Со своите прекрасни пејзажи и кристално чистото море каде има неверојатни зајдисонца и изгрејсонца, Парос често се занемарува, а сепак има сѐ што сакате за неверојатен одмор.

Таму се наоѓаат низа шармантни селца опкружени со природа. На островот има и голем број плажи, а најдобро оценета на „Tripadvisor“ е плажата Колимбитрес.




Спонзорирани линкови

Маркетинг