[ВИДЕО] ] Мечок упаднал на погреб во Романија: Паника меѓу погребната поворка

Точка

22/04/2024

23:24

2.291

Големина на фонт

а а а

Според известувањето на романскиот ТВ канал Антена 3, мечокот ненадејно се појавил во шумата и застанала на патот на погребната поворка. Преплашените луѓе почнале да викаат и го натерале мечокот да се врати во шумата, но присутните тврдат дека мечката често се појавува на просторот околу гробиштата.

На погреб во романскиот град Бордосиу, во областа Муреш, се случи несекојдневен инцидент кој предизвика паника кај присутните. На пат кон гробиштата, погребната поворка се соочила со мечок, што предизвикало вознемиреност кај 70 луѓе кои дошле да го испратат починатиот.

Според известувањето на романскиот ТВ канал Антена 3, мечокот ненадејно се појавил во шумата и застанала на патот на погребната поворка. Преплашените луѓе почнале да викаат и го натерале мечокот да се врати во шумата, но присутните тврдат дека мечката често се појавува на просторот околу гробиштата.

„Види мечка! Доаѓа кон нас! Доаѓа кон нас!“, викале испаничените луѓе кои дошле да го испратат починатиот.

Луѓето панично почнале да бегаат. За среќа, крикот и бркотницата го исплашиле животното, кое се повлекло во шумата, но сепак продолжило да го гони својот плен.

„Да бевме помалку, мечокот сигурно ќе нè нападнеше, вака се исплаши. Истрча по ридот, се сврте и нè погледна брзо неколку пати. Вториот пат се упати кон нас и се приближи уште повеќе, но повторно се повлече. Луѓето ги фати паника и почнале да врескаат, а мечката била многу вознемирена“, зборувал еден од присутните.

Романските медиуми потсетуваат дека мечка неодамна направи масакр во село во близина на Регина. Успеала да сруши дел од шталата и да убие 30 овци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг