Крај на сезоната за Де Јонг

Макфакс

23/04/2024

09:49

886

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Барселона Френки де Јонг го повреди скочниот зглоб на натпреварот против Реал Мадрид. Холанѓанецот во финишот на првото полувреме, со помош на лекарскиот тим го напушти теренот.

Барселона ја потврди повредата на Де Јонг без да прецизира колку време ќе биде надвор од терените.

Каталонските медиуми објавија дека Холанѓанецот ќе отсуствува пет недели, што значи дека оваа сезона за него заврши.

Според истите извори, 26-годишниот холандски репрезентативец би требало да биде подготвен за Европското првенство кое е закажано од 14 јуни до 14 јули.

Холандија на ЕП ќе игра во групата Д со Франција, Полска и Австрија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг