Пиоли сака да добие третман како Инѕаги: Погледнете што направи

Дерби

23/04/2024

10:59

902

Големина на фонт

а а а

Интер го победи Милан во големото градско дерби и математички ја обезбеди титулата во Серија А, која за „нераѕурите“ е 20-та јубилејна во италијанската елита.

Дуелот на прво и второпласираниот тим донесе голема тензија во самата завршница и видовме дури три црвени картони, но страстите се смирија по последниот судиски свиреж, особено поради фактот што играчите на Интер почнаа да ја слават титулата.

Стефано Пиоли според многумина ги брои последните денови во Милан и за очекување е да си замине по крајот на сезоната, а тоа по се изгледа е желба само на клубот.

– Мојата иднина? Навистина не знам, не можам јас да дадам одговор за тоа. Пред 14 месеци изгледаше дека Инѕаги страда во Интер и дека е пред заминувања, а сега погледнете што направи. Јас сум среќен во Милан, работам добро и сметам дека тимот може да напредува со мене.

– Ќе седнеме на маса и сите заедно ќе видиме во кој правец ќе одиме по крајот на сезоната. Ќе мора да разговараме кога ќе заврши првенството, – изјави Пиоли.



Спонзорирани линкови

Маркетинг