Нервозниот Дејвис даде едноставен коментар за болниот пораз и го фрли микрофонот пред новинарите

Дерби

23/04/2024

11:22

3.340

Големина на фонт

а а а

Ентони Дејвис е еден од најдобрите дефанзивни играчи во НБА лигата со години наназад, но ниту тој не можеше да најде вистинска одбрана за последниот напад на Денвер Нагетс.

Актуелниот шампион се врати од 20 поени негатива против Лејкерс и се избори за последен напад за победа, а истиот го реализираше Џамал Мареј преку највисокиот играч во противничкиот табор.

Мареј погоди преку Дејвис и ѕвездата на Лејкерс несакајќи заврши во тимската прослава на Денвер, ситуација која дополнително ја отежна и онака неповолната ситуација.

Ентони бил навистина бесен по поразот и не бил баш расположен за поставените новинарски прашања, па на крајот го фрлил микрофонот и си заминал откако еден претставник го прашал што се случило во завршниот напад.

– Џамал Мареј го погоди шутот…



Спонзорирани линкови

Маркетинг