Јокиќ брутален, Мареј го потопи Лејкерс со звукот на сирената

Дерби

23/04/2024

11:24

3.872

Големина на фонт

а а а

Денвер е актуелен бранител на титулата во НБА лигата и јасно е дека е еден од главните фаворити за титулата, а Никола Јокиќ, Џамал Мареј и останатите рано утрово уште еднаш го демонстрираа својот шампионски ген.

Нагетси беа целосно надиграни од Лос Анџелес Лејкерс во првите три четвртини и во 26-та минута имаа негатива од 48:68, но на „езерџиите“ не им беа доволни и 20 поени предност за да израмнат на 1:1.

Леброн Џејмс и Ентони Дејвис доживеаја непијатен удар и покрај блескавите изданија, од едноставна причина што домаќините имаа повеќе ресурси во финишот, но и мирна рака на Џамал Мареј кој прерасна во херој.

Денвер успеа да ја стопи двоцифрената разлика и се влезе во егал завшница, а при резултат 99:99, Мареј ја презема одговорноста и погоди удар за два со звукот на сирената за победа од 101:99.

Џамал го понесе епитетот на херој со 20-от поен на мечот, Никола Јокиќ беше незадржлив и испорача бруталент трипл-дабл од 27 поени, 20 скокови и 10 асистенции, додека огромна поддршка имаа и од Портер Јуниор кој уфрли 22 поени.

Во поразениот тим, Дејвис се истакна со 32 поени и 11 скокови, додека Леброн Џејмс го заврши мечот 26 поени, 8 скокови и 12 асистенции.

Денвер поведе 2:0 во плејоф серијата со Лејкерс, а до ист резултат дојде и Њујор Никс кој победи над Филаделфија со 104:101. Предност од 2:0 сега има и Кливленд кој одново беше подобар од Орландо со 96:86.



Спонзорирани линкови

Маркетинг