На Маск му опаѓа главниот бизнис: Акциите на „Tesla“ во пресрет на објавата на резултатите паднаа најниско во 15 месеци

Точка

23/04/2024

20:22

4.984

Големина на фонт

а а а

Акциите на „Tesla“ паднале седми ден по ред, достигнувајќи најниско ниво од јануари 2023-та година, со оглед на тоа дека по понатамошните намалувања на цените во текот на викендот се зголемила загриженоста поради објавувањето на извештаите за заработка за првото тримесечје на компанијата во вторникот. Акцијата во понеделникот паднала за 3,4 проценти на 142, 05 долари, со што падот за годината изнесувал 43 проценти, втор најлош меѓу членовите на „S&P 500“.

„Tesla“ ги намалил цените во САД, Кина и цела Европа, со намалување од дури 2.000 долари на најпопуларните електрични автомобили на компанијата, „SUV“ моделот „Y“ и лимузината „Model 3“ за почетници. „Tesla“ исто така ја намалила цената на својот премиум систем за помош на возачот за една третина. Системот се продава како опција „Full Self-Driving“, иако бара човек зад воланот, подготвен за управување или кочење во било кој момент.

Опцијата „FSD“, која претходно чинела 12.000 долари однапред или 199 долари месечно на основа на претплата за повеќето купувачи во САД, сега е наведена на веб страницата на „Tesla“ по цена од 8.000 долари однапред и 99 долари за месечна претплата. Намалувањето на цената уследило по месечниот бесплатен пробен период кој „Tesla“ им го понуди на купувачите ширум Северна Америка почнувајќи од крајот на март.


Најновите намалувања ги зголемуваат сите поголеми стравови на вложувачите по слабите испораки во првото тримесечје, отпуштања и повлекувања на „Cybertruck“.

Минтата седмица, „Tesla“ издаде доброволен отповик на 3.878 „Cybetruck“ возила за да го поправи сериозниот дефект „заробена педала“, што се видело во вирално ТикТок видео на сопственик на „Cybetruck“.


Според поднесокот на Националната управа за безбедност во сообраќајот, перничето на врвот од педалата за гас на „Cybetruck“ би можело да се олабави да се зароби во внатрешноста, предизвикувајќи ненамерно забрзување.

Според известувањето за отповикот и намалувањето на цените, „Tesla“ започнал остро и неуредно реструктурирање, известувајќи ги вработените на почетокот на минатата седмица дека ќе отпушти повеќе од 10 проценти од својата глобална работна сила. Отказите се во тек, а некои вработени примиле известување дека нивните работни места се укинати во последните неколку дена.




Спонзорирани линкови

Маркетинг