Артета воочи една предност за Арсенал во шампионската трка со Ливерпул и Сити

Дерби

23/04/2024

12:18

1.004

Големина на фонт

а а а

Арсенал ја прекина мини кризата и се опорави од двата порази од Астон Вила и Баерн Минхен со уверлива победа над Вулверхемптон, триумф со кој тимот на Микел Артета се врати на првото место во табелата во Премиер лигата.

Треба да се нагласи дека тоа е така поради фактот што Манчестер Сити има одиграно натпревар помалку, но фактот што Арсенал вечерва ќе има два меча повеќе одиграно од актуелниот шампион, Артета го гледа како мала преднот во шампионската трка.

Арсенал има шанса да отиде на плус четири во пресрет на мечот кој Сити го игра против Брајтон во четврток, а интересно, „топчиите“ ќе играат пред Сити и во 35-то и 36-то коло.

Тоа значи дека „топчиите“ ќе можат да извршат притисок кон својот ривал за титулата во Премиер лигата, но не треба да се заборави и Ливерпул кој исто така го игра својот натпревар против Евертон утревечер од 21:00 часот.

– Тоа што играме први помага и може да биде мала предност. Кога победувате, притисокот оди на спротивната страна и маргините за грешка се се помали. Ние треба само да продолжиме да го правиме тоа, да правиме притисок и да чекаме поволен резултат. Веќе не е се во наши раце, мора да победуваме и со тоа да направиме да расте притисокот кон ривалите. Секако дека тоа може да влијае, психолошката страна исто така игра важна улога, – изјави Артета пред денешното дерби со Челси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг