Шпанците ја објавија аудио комуникацијата меѓу Сото Градо и ВАР за фантомскиот гол на „Ел Класико“

Дерби

23/04/2024

12:21

1.125

Големина на фонт

а а а

Последното „Ел Класико“ дерби кое се одигра во неделата предизивка многу реакции во шпанската спортска јавност, од една страна поради двојниот пресврт кој го направи Реал Мадрид, но и поради фантомскиот гол кој не беше признат.

Ламин Јамал мислеше дека постигна гол во 29-та минута и почна да се радува, но младиот фудбалер на Барселона не доби зелено светло за такво нешто од главниот судија Сото Градо, ниту од луѓето во ВАР собата.

Повторените снимки не дадоа вистински приказ за тоа дали топката ја мина гол линијата, или не, па во обид да се намали контроверзата, шпанската Фудбалска Федерација сега го објави видеото и аудио разговорот кој го имале Сото Градо и судиите во ВАР собата за време на најспорниот момент на дербито.

Сото Градо: По ѓаволите, според мене не влезе цела топка……

ВАР: Ќе провериме Сесар, почекај малку, не дозволувај да се изведе корнерот…..

Сото Градо: Нема проблеми, ќе чекаме….. Нема гол технологија, мора да почекаме, го чекаме ВАР….. Можеби беше гол, ја проверуваме ситуација, но нема гол технологија, – им се обраќа Градо на фудбалерите.

ВАР: Телото на Лунин ни ја покрива сликата, почекај уште малку, продолжуваме да бараме доказ. Овој агол не е добар, исто и овој, исто и овој……

Сото Градо: Не брзаме, ова е многу важна одлука, нема потреба да брзаме, проверете ги сите камери…..

ВАР: Сесар, сепак ќе продолжиме со корнер, немаме никаков доказ дека топката влезе во голот. Затоа, продолжи ја играта со корнер. Нема доказ дека топката ја мина гол линијата, одиме со корнер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг