Хрватите изрекоа казни за ракометниот скандал во Нашице: Вујовиќ доби тримесечна суспензија, Безјак мина најлошо

Дерби

23/04/2024

13:45

3.723

Големина на фонт

а а а

Вчера пристигна веста за прекин на соработката меѓу Нексе и Веселин Вујовиќ, а еден ден по оваа вест пристигна и официјално соопштение од хрватскиот ракометен сојуз за скандалот кој го режираа актерите на овој тим.

Последното дерби меѓу Нексе и ППД Загреб не се доигра поради недолично и неетичко однесување на домашните претставници, меѓу кои посебно се издвои она на Марко Безјак кој го удри делегатот Анте Јосиќ.

Поради овој голем инцидент, настана голема мешаница и натпреварот беше прекинат, а потоа едногласно беше проценето дека ППД Загреб го добива истиот со службени 10:0.

Тоа беше само најава за она што следи, а денеска ракометниот сојуз во Хрватска ги изрече казните за сите инволвирани, од кои најтешко помина токму Безјак.

Словенечкиот ракометар доби забрана за играње ракомет во период од 12 месеци, додека Вујовиќ кој вчера се раздели со Нексе, нема да смее да биде тренер во Хрватска во наредните три месеци.

Казна од четири натпревари неиграње заработи и Андраж Велкаврх, а Нексе како клуб заработи парична казна од 4 илјади евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг