Легендарниот Тевез завршил во болница поради болки во градите

Дерби

24/04/2024

12:51

1.280

Големина на фонт

а а а

Карлос Тевез брзо се префрли во тренерските води по крајот на играчката кариера, а сега како предводник на Индепендиенте ги загрижи верните фудбалски фанови од Аргентина и ширум светот.

Популарниот Карлито одлично си ја извршува функцијата како шеф на стручниот штаб, но сега може извесно време да биде оддалечен од клупата, сето тоа како последица на стравот кој го доживеал изминатата ноќ.

Тевез бил пренесен во болница во Буенос Аирес поради непријатни болки во пределот на градите, по што му биле направени детални кардиолошки испитувања.

– Нашиот тренер Карлос Тевез беше прримен во болницата во Тринидад во Сан Исидро со болки во градите. Му беа направени првични тестови и резултатите се задоволувачки.

– Карлос денеска ќе остане во болница и ќе подлегне на нови тестови кои се дел од рутинскиот преглед. Ќе остане под надзор додека не ги заврши сите тестирања, – гласи соопштението на аргентинскиот клуб.



Спонзорирани линкови

Маркетинг