Маркус Тирам се покажа како супер засилување за Интер и сите фанови на овој клуб брзо го заборавија Ромелу Лукаку, бидејќи напаѓачот кој пристигна како слободен агент брзо ги освои срцата со пожртвуваната игра и прикажаните квалитети во офанзивниот дел од теренот.
Тирам забележа импресивен учинок досега и запиша 12 голови и 11 асистенции во својата дебитантска сезона во Серија А, па откако ја освои титулата, реши да му се заблагодари на својот најголем критичар, кој воедно му е и огромна поддршка.
Не станува збор за неговиот легендарен татко Лилијан, туку за француската легенда Тјери Анри, за кого Маркус откри дека има многу близок однос и во минатото.
Marcus Thuram gives a special thanks to Thierry Henry after winning the Scudetto 🥹 pic.twitter.com/QnQ7sakP0o
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) April 22, 2024
– Сакам да ја искористам оваа прилика за да му се заблагодарам на Тјери Анри. Можеби ќе го види ова….. Сакам да му се заблагодарам за сите совети кои ми ги даде, се надевам дека ова е само стартот за мене.
– Тој ми е како најдобар чичко, тој е како чичко кој секогаш е тука за мене, секогаш ми помага во добри и лоши моменти. Тој секогаш ми ја кажува вистината и затоа сакам да му се заблагодарам. Денеска сум тука и поради него, – порача Тирам.