[ФОТО] Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Силјановска-Давкова , 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Точка

24/04/2024

20:18

2.360

Големина на фонт

а а а

Според аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, на 20,53% од обработените гласови Гордана Силјановска-Давкова има освоено 44,63 проценти од гласовите или 66 482 гласа.

Следен, со нешто над 19 отсто е актуелниот претседател и кандидат од СДСМ за втор мандат, Стево Пендаровски, а трет со 13 отсто е кандидатот од ДУИ, Бујар Османи.

Следат Арбен Таравари со 8,53 од гласовите или 12707, Максим Димитриевски 7,27% или 10831 глас, Билјана Ванковска 4,14 или 6165 гласа , Стевчо Јакимовски 0,79 проценти или 1174 гласа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг