Тен Хаг до критичарите: Видов само две негативни работи

Дерби

25/04/2024

10:22

930

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед повторно одигра трилер со шест гола и понуди возбудлиив меч на „Олд Трафорд“, неколку дена по чудното полуфинале во ФА купот во кое испушташе предност од 3:0.

Тимот на Ерик Тен Хаг вчера двапати се враќаше од негатива против Шефилд Јунајтед и прими два гола од најслабиот тим во лигата, но на крајот успеа да се врати и да победи со 4:2.

Критичарите одново беа жестоко настроени кон Тен Хаг и заклучија дека гостите правеле проблем при секој поопасен излет во средината на Јунајтед, меѓутоа Холанѓанецот продолжи по свое и испорача заклучок кој е целосно поинаков од оној на новинарите.

– Ние бевме во целосна контрола на натпреварот, жал ми е што ќе ви кажам, но јас гледав сосема поинаков меч од тој којшто вие сте го гледале.

– Им дадовме два подароци, два пати заостанувавме и може да зборуваме само за две негативни раобти. Едната е загубен фокус, а втората недисциплина. Останатото целосно го контролиравме, тимот покажа истрајност и направивме пресврт против тим кој се брани. Ги надигравме во секој поглед и заслужено се радувавме, – изјави Тен Хаг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг