Руни го предвиде поразот на Ливерпул, па жестоко го подбра Ван Дајк за изјавата која ја даде по дербито

Дерби

25/04/2024

11:24

1.386

Големина на фонт

а а а

Вејн Руни во цела своја играчка кариера го имаше Ливерпул како најлут ривал, прво поради тоа што е дете на Евертон, а второ поради фактот што прерасна во легенда на Манчестер Јунајтед.

Руни доби шанса да го анализира вчерашното Мерсисајд дерби и пред истото најави дека Евертон може да му направи проблем на Ливерпул, па откако прогнозата му се оствари, најдобриот голгетер во историјата на Манчестер Јунајтед не го поштеди и капитенот на „црвените“.

Вирџил Ван Дајк имаше доста експлозивно интервју по поразот од 2:0 и нагласи дека Ливерпул не смее да губи од тим како Евертон кој се бори за опстанок, но истовремено посочи дека несфатливо е тоа што Ливерпул ќе игра прв во сабота во терминот од 12:30 часот по британско време.

Оваа изјава воопшто не му се допадна на Руни, кој го прозва Вирџил од студиото на „Скај“ и му порача дека во вакви услови треба да сака што побрзо да се врати на теренот, а не да се жали за терминот.

– За мене е загрижувачки што капитенот на Ливерпул збори за терминот од 12:30 часот откако беше надигран на теренот. Загуби дерби, а тој зборува за терминот во сабота од 12:30 часот.

– Овие играчи на Ливерпул сега треба да сакаат да излезат на теренот уште утре, бидејќи кога губите дерби, чувството треба да биде токму тоа. Веќе слушнавме безброј поплаки од Ливерпул за раниот саботен термин оваа сезона. Нека се навикнат на тоа, фудбалот е нивна работа и треба да излезат да играат, – порача Руни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг