Кој ќе биде десна рака на Вилијам кога ќе застане на тронот? Не е принцезата Ана, ниту Кејт Мидлтон туку важна личност од доверба

Точка

25/04/2024

22:19

10.166

Големина на фонт

а а а

Иако многумина мислеле дека на Вилијам како на иден крал ќе му помага сестрата на Чарлс, Ана, тоа сепак нема да биде така.

Принцот Едвард и принцот Вилијам веќе имаат блиска врска, а војводата од Единбург живее во близина на својот внук, а и двајцата живеат во Виндзор.

Меѓутоа, кога кралот Чарлс ќе си замине од тронот и Вилијам ќе стане крал, тогаш Едвард би можел да биде рамото на кое тој најмногу ќе се потпира во текот на своето владеење.

И Чарлс и принцезата Ана се значително постари од својот најмлад брат, со тоа што Чарлс е постар од Едвард 15 години.


Иако Вилијам ќе биде подготвен за својата улога, како што бил неговиот татко пред смртта на покојната кралица, без сомнеж ќе му требаат совети за протоколот кога ќе се качи на тронот.

Едвард веќе е член од доверба на кралското семејство а тој разбира неколку должности додека го заменува кралот којшто закрепнува од канцер.

Говорејќи за тоа како на Едвард се гледа во кралското семејство, кралската дописничка Даниел Стејзи за „HELLO!“ изјавила:

„Војводата од Единбург му беше голема поддршка на кралот од почетокот на неговото владеење, особено последните месеци, откако на Чарлс му беше дијагностициран канцер. И Едвард ди Софи ги зголемија своите ангажмани и го претставуваа кралот на историската парада по повод 120 годишнината на Ентенте Кординале месецов.

Парот ги извршува своите должности ширум Велика Британија и странство, а Едвард годинава ги посетил Јужна Африка, Уганда и островот Света Хелена. Мислам дека исто така значајно е тоа што Едвард беше еден од ретките членови на кралското семејство којшто им се придружил на кралот и кралицата на велигденската служба во Виндзор“, објаснила Даниел.


Питер Филипс, син на принцезата Ана, претходно изјавил колку браќата и сестрите на Чарлс моментално се зафатени:

„Секој има своја различна улога. Постои голем притисок на војводата и војвотката од Единбург, мојата мајка и кралицата преземаат многу повеќе одговорност. Дефинитивно постои краткорочен притисок на одредени членови од семејството да можат и натаму да бидат надвор и да бидат видени како ја поддржуваат организацијата и спроведуваат официјални ангажмани“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг