Сѐ е подготвено за концертите на Петар Грашо во Скопје: „Со нетрпение ја очекувам средбата со македонската публика“

Точка

25/04/2024

20:04

2.289

Големина на фонт

а а а

И повеќе од јасно е дека хрватскиот пејач Петар Грашо е миленик на македонската публика. Доказ за истото се и трите закажни концерти во „Македонска филхармонија“.

Како што дознаваме од тимот на Грашо, сѐ е подготвено за концертите кои се закажани на 26, 27 и 29 април. Се води сметка буквално за секој детал, а со оглед на тоа што не очекува музички, сценски спектакл, не се штедело апсолутно на ништо.


 Човекот кој во моментов претставува хрватска институција, ќе имаме можност да го гледаме и слушаме во интимен амбиент во Скопје, каде што заедно со симфониски оркестар на сцената во Филхармонија, ќе ги испее своите најголеми хитови, но и хитовите на Оливер Драгојевиќ.

Публика ќе има од секој крај на Македонија, а Грашо едвај чека да застане на сцената во Филхармонија

„За овој концерт се подготвуваме долг период и со нетрпение ја очекувам средбата со македонската публика. Искрено се радувам на огромниот интерес за моите концерти и знам дека заедно со симфониски оркестар ќе направиме ноќ за паметење, ноќ во која сите ќе пееме, радуваме и уживаме“. – кажа Грашо во пресрет на неговите три концерти во Скопје.


Првите два концерти на Петар Грашо кои се закажани на 26 и 27 април, се целосно распродадени. Во продажба се последните влезници за третиот концерт, па затоа побрзајте и веднаш купете! Влезници може да најдете преку продажната мрежа на www.kupikarta.com



Спонзорирани линкови

Маркетинг