Ѓорѓиовски со четири гола го водеше Макпетрол до победа над Систина

Точка

26/04/2024

10:49

3.542

Големина на фонт

а а а

Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.

Ѓорѓиовски со четири гола го водеше Макпетрол до победа над Систина

Аџибадем Систина 3-7(2-3) Макпетрол

Аџибадем Систина: Златко Бошковски 12”, Дамјан Јофчевски 20” 26”

Макпетрол: Мишо Ѓорѓиовски 6” 11” 23” 37”, Горан Новаковски 16”, Никола Секулоски 31”, Баже Тодоровски 34”

Макпетрол во дуелот со Аџибадем Систина влезе со целосен состав, мотивирано уште на самиот почеток. Во раната фаза од овој натпревар 6” преку Ѓорѓиовски успеа да поведе со 0-1 по што следеше уште една одлична акција во реализација повторно на Ѓорѓиовски, па Макпетрол поведе со 0-2. Екипата на Аџибадем Систина преку одличен контра напад во реализација на Бошковски намали на 1-2. Овој резултат стоеше на семафорот се до самиот финиш од првото полувреме кога во завршницата Новаковски кај Макпетрол постигна гола за 1-3, по што Јофчевски во финишот од полувремето го намали резултатот на 2-3.

Екипата на Аџибадем Систина во второто полувреме со голамн-играч почна да игра офанзивен фудбал со целосен акцент на играта во нападот. Ваквата игра на Макпетрол му овозможи да развива брзи контра напади преку кои доаѓаше до отворени шанси за гол. Макпетрол успеа да ги искористи овие шанси и од минута во минута да го зголемува водството не дозволувајќи и на Аџибадем Систина да ја игра својата препознатлива игра, па на крајот Макпетрол славеше со 3-7.

Петровски со хет-трик ја водеше А1 до победа на Пивара Скопје

А1 7-2(3-0) Пивара Скопје

А1: Стефан Петровски 5” 13” 36”, Ненад Трајков 4”, Јовица Наумовски 21”, Леонид Јандреоски 27” 39”

Пивара Скопје: Александар Иловски 35”, Нено Вељовиќ 37”

А1 натпреварот со Пивара Скопје го отвори преку Трајков во 4”. Со овој гол А1 навести добра игра со фокусиран напад и цврста одбрана. Екипата на Пивара Скопје во првиот дел од првото полувреме се обидуваше да ја пронајде својата посакувана форма но А1 не дозволи Пивара Скопје да влезе во ритам, па преку контра напади со два гола дојде до предност од 3-0 на полувремето.

Во второто полувреме екипата на А1 продолжи со одлична игра пред се во делот на нападот, каде што со брзи проигрувања и конторлиран напад доаѓаше до изгледни шанси за гол. Екипата на Пивара Скопје не успеа да пронајде против игра за вечерва расположенито А1 кој на крајот славеше со 7-2.

Во крајно возбудлив натпревар Фабрика Карпош-ГИМ го совлада Матрикс

Фабрика Карпош - ГИМ 3-1(1-0) Матрикс

Фабрика Карпош - ГИМ: Филип Илиевски 19” 34”, Кире Крстевски 24”

Матрикс: Тони Брњарчевски 29”

Во високо темпо и ритам започна натпреварот помеѓу екипите на Фабрика Карпош-ГИМ и Матрикс. На двете страни се играше цврст фудбал, екипите беа максимално мотивирани, и во текот на целото прво полувреме се играше чисто во одбраната со добар проток на топката во нападот. На двете страни тешко се доаѓаше до отворена шанса за гол. Иако се играше крајно израмнет фудбал, екипата на Фабрика Карпош-ГИМ во самиот финиш од полувремето 19” преку Илиевски успеа да постигне гол за водство од 1-0. Со овој резултат се отиде на полувремето.

Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам. Крстевски кај Фабрика Карпош-ГИМ преку контра напад успеа да постигне гол и со тоа го зголеми водство на 2-0. Екипата на Матрикс преку Брњарчевски 29” го намали водството на 2-1 по што следеа низа промашувања од добро изградени позиции. Во ваквата игра екипата на Фабрика Карпош-ГИМ успеа да ја задржи предноста и да дојде до победа од 3-1.

LC Waikiki со тимска игра до победа над Гранит

Гранит 2-5(2-3) LC Waikiki

Гранит : Дарко Петров 3” 20”,

LC Waikiki: Фуркан Фетаи 8” 19”, Мустафа Мустафа 13”, Мустафа Ибраим 25”, Ергин Алими 26”

Екипата на Гранит во дуелот со LC Waikiki влезе со голман-играч во ростерот. Ваквата поставеност ја користеше како би можела да создаде играч плус во делот на нападот. Тоа и вроди со плод па во 3” Петров успеа да постигне гол и да дојде до водство од 1-0. Набрзо LC Waikiki уепа да ги консолидира својте редови, и најде против игра и со два гола кои ги постигнаа Фетаи 8” и Мустафа 13” направи пресврт на 1-2. Во самиот финиш од првото полувреме Фетаи 19” повторно со погодок успеа да го зголеми водството за LC Waikiki на 1-3, на што Петровски 20” кај Гранит веднаш возврати со одличен погодот, за резултат на полувремето од 2-3.

Во второто полувреме екипата на Гранит беше настојчива и решена да се врати во натпреварот. Играше отворен фудбал со фокус во нападот, но LC Waikiki благодареније на одличните одбрани на голманот Реџепи успеа да ја сочува предноста и стигна до победа на овој натпревар од 2-5.




Спонзорирани линкови

Маркетинг