Јувентус договорил нов голман, наследникот на Шчесни ќе биде Италијанец

Дерби

26/04/2024

11:53

1.506

Големина на фонт

а а а

Раководството на Јувентус веќе ги подготвува првите трансфери за следната сезона, а спортскиот директор Кристијано Џунтоли вчера направил важни чекори во обезбедувањето на засилување на голманската позиција.

Џунтоли имал состанок со Адријано Галијани и наводно трансферот на голманот Микеле Ди Грегорио е пред реализација, откако и самиот фудбалер ги прифатил финансиските услови понудени од Јувентус.

Галијани не се противи на продажба на Ди Грегорио, кој зад себа има одлична сезона и веќе се наметнува и во националниот тим, но останува да се утврди цената, како и евентуалната размена на играчи за намалување на сумата.

Јувентус има потреба од нов голман, бидејќи договорот на Војчех Шчесни истекува во 2025 година, а Полјакот одбил да го продолжи со намалување на платата од 6,5 милиони евра.

Матија Перин планира да бара нов предизвик, односно да замине во клуб каде ќе добие поголема минутажа, па Ди Грегорио првата сезона би бил поддршка за Шчесни, по што би го преземал неговото место во сезоната 2025/26.



Спонзорирани линкови

Маркетинг