„Мундо Депортиво“ објави ново видео и заклучи: Барселона е оштетена за чист гол

Дерби

26/04/2024

12:47

2.026

Големина на фонт

а а а

Барселона го загуби последното „Ел Класико“ соочување со Реал Мадрид, а фановите на каталонскиот клуб и натаму сметаат дека нивните миленици биле сериозно оштетени со фактот што голот на Ламин Јамал не е признат од страна на судиите.

Главниот судија и неговите ВАР асистенти одлучија дека топката не минала со цел обем зад гол-линијата по ударот на Јамал, а фактот што не ја користи технологијата за следење на гол-линијата дополнително ја вжешти дебатата во медиумите и на социјалните мрежи.

„Мундо Депортиво“ денеска објави ново видео, кое анонимен фан ја објавил на својот „Икс“ профил и од истото заклучува дека Барселона дефинитивно е оштетена и топката целосно завршила зад гол-линијата пред интервенцијата на Лунин.

Претседателот на Барса, Жоан Лапорта, најави дека ќе бара преигрување на натпреварот ако биде утврдено дека судиите не признале гол за неговиот тим.



Спонзорирани линкови

Маркетинг